празен (прид.) - кутија (имн.)

Му рече ќефледиски поткревајќи ја искиснатата шајкача над челото: - Е уште празна кутија од боја за чевли ако ти најдам во џебот, да знаеш дека ќе ми олесни на душата, - му рече.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Се вртеше во постелата возбуден, нервозен; се поткреваше одвреме-навреме и пушташе рака кон столот, ја пофаќаше празната кутија од цигари, ја отвораше, чинејќи му се дека не ја избарал добро, дека ќе најде некоја преостаната; пипкаше со прстите низ нејзината внатрешност како слепец, како болен човек што посега по некој спасоносен лек; ја гмечеше кутијата со сиот бес туткајќи ја во рацете.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
На една маса шишиња од и со виски, шише ракија, празни лименки од кока-кола, празни кутии од цигари и кеси од сендвичи.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Наоколу, освен куп земја, стојат расфрлени алати, штици, испотени алишта, некое до половина полно шише со вода, празна кутија цигари.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Џуџето-џин го фрла како празна кутија кибрит и тој, со врисок на кастриран петел, паѓа во вителот.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Стоев на влезот на широчината и ја полнев капата со џамлии, слики, копчиња, шпиртосани бубачки, перца, празни кутии од помада и безброј слични предмети. од неколку улици наоколу доаѓаа деца и ги оставаа своите играчки во мојата ученичка капа.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Тие отпловија, а ние си останавме крај брегот со празните кутии од конзерви и со италијанските шлемови.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ги видоа работите врз сандакот, ја видоа празната кутија и на неа марките и печатите, не се распрашаа - едноставно знаеја и сфатија дека Димостен е веќе на слобода.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Потем и двајцата ги насадија во празни кутии од конзерви, ги навадија и внимателно ги подредија.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Сум видел како од автомобили што врват по улиците излетуваат низ отворените прозорци: хартии, празни кутии од цигари, кори од банани, од лубеници...
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)