православен (прид.) - христијанин (имн.)

По падот на Византија, султанот Мехмед II, најпрвин го признал рум-милетот кој ги опфаќал православните христијани, како што биле: Грците, Бугарите, Србите, Албанците, Македонците, Власите и другите православни народи.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ве молам почитувајте ја таа традиција”*.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
На чело на овој најголем православен (румелиски, односно ромејски) милет бил патријархот, односно милет-башата, кој живеел во Цариград, во местото Фенер.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Нам ни треба внатрешно обединување меѓу себе: не ни требаат во Македонија ни Срби, ни Бугари ни Грци, зашто не сме ни едното, ни другото ни третото; не ни требаат патријаршисти, егзархисти, зашто ние сме само православни христијани.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во теолошките науки се јавиле разлики помеѓу католиците и православните христијани.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Католиците и православните христијани често запаѓале во меѓусебни несогласувања по разни прашања, а понекогаш си противречеле дури и самите себеси.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Така стана сведок и на деновите на искушение на архиепископот атински како и на страдањата на атинските Јудејци на кои Блажениот, во обидот да ги спаси, им издаваше лажни сведоштва дека се православни, а во соработка со управникот на полицијата и полициски исправи со грчки православни имиња и со назнаката „православен христијанин” во графата за религиозната припадност што мораше да стои во исправите.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)