правен (прид.) - факултет (имн.)

Секретарката првин го најави Аспарух Зафиров. Млад судија, со уште неколку испити до завршувањето на студиите на Правниот факултет.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
По забранувањето на весникот и затворањето на клубот, Дедов и Мишајков отидоа во руската престолнина и во меморандумот до руската влада и до Советот на С. – Петербушкото словенско благотворно друштво од 12.9.1902 год. меѓу другото пишуваат: „По завршувањето на Правниот факултет во Белград ние почнавме да го издаваме весникот Балкански гласник (Reviue Balcanique), чија цел беше да ги брани интересите на македонските христијани не само од угнетувањето од Турција, но исто така и од разните пропаганди, и да проповеда за самостојна Македонија во политички, национален и духовен однос.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Активен учесник во напредното младинско движење на Правниот факултет во Белград и во Велес и учесник во НОБ од 1941 година.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
- Прават маскенбал на Правниот факултет. Би сакала ли да ми бидеш партнерка?
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Што легализацијата навистина би значела? На поедини поборници на актуелната политика им е многу полесно да го критикуваат отсуството на планот за легализација отколку да ја бранат забраната за уживање на дроги, како отсуството на потполн консензус помеѓу приврзаниците за легализација да ги оправдува лошите последици од војната против дрогата.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Џејмс Џекобс (James Jackobs), професор на Правниот факултет на Универзитетот во Њујорк, во едно свое излагање објавено 1991 година докажуваше дека „недостатокот од јасен предлог за легализација ја отежнува и проценката на проблемот и критиката на тој став.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Професор на Студиите по новинарство на Правниот факултет “Јустинијан Први” при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Скопје (од 1982 г.)
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Бил: Новинар во “Нова Македонија” (1971 – 1977) Уредник за уметничка литература во издавачката куќа “Мисла” од Скопје (1977 - 1980) Уредник на емисијата “Литературен мозаик” на Македонското радио (1980 – 1985) Лектор по македонски јазик и литература на Карловиот универзитет во Прага (1994 – 1997) Акредитиран новинар на Македонското радио за Средна Европа од Прага (1994 – 1997) Студиски престои: Руски стипендист на Универзитетот Ломоносов во Москва (во академската 1989 – 1990 г.) На покана на Универзитетот Ломоносов од Москва остварил студиски престои во Русија и во 1993 и 1994 година.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Поминал повеќе од четири година на правниот факултет Јустинијан Први во Скопје.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
7.  Види ги, на пример, трудовите на Тодор Каламатиев: „Способност за склучување на договор за вработување“; Годишник на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – том 42 (во чест на Тодорка Оровчанец); Скопје, 2006; стр. 460-473 или, пак, оној на Гзиме Старова: „Договор за вработување или договор за работа – Дилеми во Законот за работни односи на РМ“; Зборник на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ и Правниот факултет при Московскиот државен универзитет „Ломоносов“ (том 2); Скопје, 2007; стр. 344-353.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Мируваше нејзиниот работен однос како предавач по Трудово право на Правниот факултет во Скопје.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
По казна го праќаа во 17. бригада како прост војник, а тој имаше завршено правен факултет.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
А тој се спротивставил и изјавил дека нема никаква врска со неа.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)