правен (прид.) - основ (имн.)

Судот ќе постапи според тужбата и кога тужителот не го навел правниот основ на тужбеното барање, а ако тужителот го навел правниот основ, судот не е врзан за него (чл. 176, ст.1-3 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
По препорака на ССМ тој, во 1995, решава да поднесе тужба против СТД „Јасмина“ и неговиот дотогашен ортак4 (С.Колев) како второтужен, а како правен основ на тужбеното барање се наведени неисплатените плати и придонеси.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во една тужба тужителот може да истакне повеќе барања против истиот тужен кога сите барања се поврзани со ист фактички и правен основ.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Примерот на Триманова – која во моментов води и друг спор против истиот работодавач, но сега по друг правен основ и со нов адвокат (Д. Чакаровска), е за одбележување затоа што укажува на потребата работниците да немаат безрезервна верба во своите полномошници-адвокати, и почесто да се интересираат за текот на спорот и за начинот на нивно застапување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Иако во рамки на претпријатието МК „Стоби“, барем на хартија, имаше основано и регистрирано синдикат, неговото неактивно раководство замижуваше пред ваквите неправди и беше сосем безгласен во заштита на правата на тамошните работници.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во меѓувреме, покрај тоа што на фирмата почна слабо да ѝ оди пласманот на својот асортиман и да назадува зад конкуренцијата на пазарот, настануваат и одредени внатрешни превирања и поделби на вработените на неколку табора.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ако барањата не се поврзани со ист фактички и правен основ, тие можат да се истакнат во една тужба против ист тужен само кога истиот суд стварно е надлежен за секое од овие барања и кога за сите барања е определен ист вид постапка.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Кога составот на судот или правото на изјавување ревизија зависи од вредноста на предметот на спорот, а предмет на тужбеното барање не е пари- чен износ, тужителот е должен во тужбата да ја назначи вредноста на предметот на спорот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
За среќа, Триманова не беше во онаа група работнички кои првично ги повлекоа тужбите.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
9 Целиот процес пред Основниот суд Велес траеше половина година, а воопшто не беше потребно судијата (Ј. Лазаров) да носи првостепена пресуда – бидејќи странките, кон крајот на 2009-та, се договорија спорот да го окончаат на тој начин што тужениот работодавач доброволно ќе и ги исплати неисплатените испратнини за кои е тужен [во висина од 9.185 МКД / околу 150 ЕУР] – сосе парничните трошоци на постапката, без камата, а за возврат тужителката да ја повлече тужбата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
А тоа, всушност, значеше отказ за Јаневски и за останатите негови колеги.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Колегата, кој се водеше како „газда“ на фирмата, реши 238 дека поисплатливо ќе биде да го намали бројот на вработени во новооснованата фирма – како би се намалиле трошоците за плати, придонеси и надоместоци.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
2.  Во процесното право постои и институтот множина на субјекти.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но, бидејќи претходно таа веќе беше паднала во немилост на нејзиниот директор – и покрај тоа што на дел од останатите работнички кои беа напуштени по истиот правен основ, им беа исплатени испратнините кои законски им следуваат – тоа, од неразбирливи причини, не беше сторено и во случајот на Триманова!?7 По ова, таа прави обид настанатиот спор спогодбено да се разреши – на трипати, во придружба и на нејзиниот сопруг, се обраќа до сопственикот којшто истовремено е и менаџер на акционерското друштво.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Па така, повеќе лица можат со една тужба да тужат, односно да бидат тужени [т.н. „сопарничари“], ако: 1) во поглед на предметот на спорот се во правна заедница или ако нивните права, односно обврски произлегуваат од ист фактички и правен основ; 2) предмет на спорот се барања односно обврски од ист вид што се засноваат врз суштествено истовиден фактички и правен основ иако постои стварна и месна надлежност на истиот суд за секое барање и за секој тужен и 3) тоа е определено со друг закон.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)