почитуван (прид.) - пријател (имн.)

Но каква врска има ова со ориентализмите, со односот кон нив кај балканските народи?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој продолжуваше да зборува за незавршениот круг, како симбол на патувањето на јагулите: - Движењето на јагулата, почитуван пријателе, симболизира еден кружен, временски тек.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Еден ден, Сликарот доби писмо што му го испрати неговиот пријател Јусуф беј, професорот по Убави уметности од Истанбул, а во кое пишуваше: Почитуван пријателе, На Вашата изложба во Сарајот на која ги презентиравме Вашите платна создадени во Истанбул, беше изложено и чудесното платно „Портрет на Непознатиот, со два детски лика“.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
По малку тој замислено рече: Кога те слушам, почитуван пријателе, ми се наложува мислата дека балканските народи, во чии јазици се вкорениле ориентализмите кои тешко може да се откорнат можеби се во суштина многу поблиски до османската цивилизација и нејзиното време отколку што би сакале да бидат!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)