потребен (прид.) - работен (прид.)

А за да им помогнат на старите во терањето на стоката, тие беа повеле со нив и по некое дете од осум до десет години, оти пак за младите беше опасно да слегуваат в град да не ги собере некој од поблиските бегови за работа во својот чифлиг, бидејќи полските работи беа во полн ек, та на беговите им беше потребна работна рака, и тие ја наоѓаа со својата сила кај рајата – христијаните – која не беше уште сопственост на некој од нивните колеги, како што беше овде случајот со слободните Мариовци.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Барем имаше што да јаде, но кога колективот се расформира и бидејќи во керамидницата во Охрид се погоди да биде потребна работна сила, Најдо од селанец стана пролетер, граѓанин: се пресели во Охрид каде што доби покрив над главата, многу подобар од оној во село, со струја и со вода.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)