потребен (прид.) - дополнителен (прид.)

На авторот ќе му бидат потребни дополнителни петнаесет години за да го оствари ова внатрешно патување, за да се врати кон тоа што жесто­ко го обележало, одржано во инстинктот на спасување­то, задржано по првите налети на заборавот: „Нека останат спомените длабоко вкопани во ме­не, дури до заборав, сѐ додека ферментирањето на животот не одлучи да ги исфрли на површина, сѐ до мигот на оваа книга...“
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
На шизофреничарот му се потребни дополнителни амортизери за сетилата за да се чувствува пријатно во својата околина.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Јазот меѓу говорот и писмото е длабок длабок, и за добро сурфирање меѓу тие рабови богами се потребни дополнителни дози на „идентификациска енергија“, дополнителни замаглувања, сенчења и пуштања на холограмските човечиња со своите сврачии прсти малку да размачкуваат по страниците, па и да се потпишуваат, зошто да не. okno.mk | Margina #26-28 [1995] 14 илустрациja: А. Станковски Margina #26-28 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)