потребен (прид.) - во (предл.)

Во секој случај, секоја од трите супер-држави е толку пространа што може да си обезбеди и доволно материјали што ѝ се потребни во сопствените граници.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кога вистински им беше потребна во животот, утеха бараа во самотијата и тишината на книгите во нивните библиотеки, која ја нарушуваше гласот на свртените страници, и уште потешко им стануваше, па тие се состануваа и ги поврзуваа гласовите од нивните книги во симфонија на нивното моќно пријателство, составено од безброј нитки, составувајќи го мозаикот на балканската вистина.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Блискоста, меѓусебната доверба зајакнувана од збор до збор го зајакнуваа уште повеќе нивното ретко, можеби и единствено пријателство на Балканот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Често, тие не можат да го одложат моментот на донесување на одлука за тоа каква акција е потребна во дадена ситуација.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Единствен услов е тие да бидат потребни во било која смисла, но и да поседуваат одредена „туѓинскост”, која ја поседуваат во онаа мера во која одговараат на вистинските проблеми.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Знам дека многу ти бев потребна во тие моменти.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Симон го имаше Методија за пријател, но му беше потребен во некоја мера и како непријател, за да бидат нивните меѓучовечки односи комплетни.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Главно верување на иднината ќе биде уметност што ги менува животите на луѓето, уметност којашто на луѓето им е потребна во животот, како што им се потребни медицината, законите, романите.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Луѓето на Запад гледаат дека имаме изложба во Кина, потоа повторно им се навраќаат на нашите дела на поинаков начин.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)