потребен (прид.) - храброст (имн.)

АНДРЕЈА: Тебе ти е потребна храброст. Јас го направив својот избор. (Андреја се врти. Заминува.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Некое мало животно, далеку од инсект со кое посакуваше да се поистовети, кога би бил тој, но повторно гледа само подвижни сенки од ветар, ѕидови,куќи и разговори, само точка во која од овој треба да премине во оној страв, или акт на тотална неподвижност, замрзнатост во време пред некои сцени за кои е потребна храброст - и одложување, единствено можно да се случи.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)