потребен (прид.) - стаж (имн.)

Неповолните аспекти на овие промени донекаде се балансирани со намалувањето на потребниот стаж за стекнување право на старосна пензија, од 20 на 15 години.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Втората категорија, пак, се жените кои во периодот 2000-2003 година ги имаа потребните години за одење во пензија, но го немаа потребниот стаж, бидејќи за тој период наместо 20 години пензиски стаж со промените од март 2000 година станаа доволни и 15 години стаж (чл. 5). во години Возраст Пензиски Година мажи жени стаж 1994 60,5 55,5 1995 61,0 56,0 1996 61,5 56,5 20 1997 62,0 57,0 1998 62,5 57,5 1999 63,0 58,0 2000 63,5 58,5 2001 59,0 2002 59,5 2003 60,0 15 2004 64,0 60,5 2005 61,0 2006 61,5 2007 62,0 Табела 1: Возраст и пензиски стаж со кои се стекнува право на старосна пензија 92 Треба да се спомне и дека со одредбите од измената и дополнување- то од март 2000 година се предвидува изземање од промените што се однесуваат на стекнувањето право на старосна пензија на оние лица кои на денот на почетокот на примената на ова измена и дополнување (1 септември 2000 година) имале пензиски стаж од најмалку 35 години (мажи) и 30 години (жени) (чл. 30 и 35, ЗИДЗПИО/март.00).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Во однос на права- та што ги засегаат сите вработени, целосно е укината можноста за стекнување право на старосна пензија само врз основа на одреден исполнет стаж и дојде до повишување на старосната граница за стекнување право на старосна пензија (за 4 години кај мажите и дури за 7 години кај жените), сепак придружено со намалување на потребниот стаж за стекнување право на старосна пензија од 20 на 15 години.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Според најновиот терк на исплата на паричниот надоместок, само кај последното, 12-то скалило нема намалување на бројот на месеци, но, ако до претходна- та година беше потребен стаж од 15 години за да се добива паричен надомест во времетраење од 12 месеци, во 2006 година за тоа станаа потребни 25 години.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)