потребен (прид.) - нејзе (зам.)

Секогаш кога сакав со брат ми да тргнам кон библиотеката, каде што тој минуваше часови, мојата мајка велеше дека сум им потребна нејзе и на татко во продавницата, и јас тргнував со неа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Но подоцна научив што треба да правам: во првиот миг кога мајка ми ќе започнеше разговор со некој од купувачите, јас го измолував татко да ме пушти да одам да читам, тој ми одобруваше, па јас набрзина излегував од продавницата и тргнував кон читалната.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)