потребен (прид.) - некаков (зам.)

Зарем, кога беа намамени џиновските туни и кога една по една беа умртвувани, не нараснуваше инстинктот на морнарите-рибари, во трансот на крици и движење да подземаат непознати сили од себе, да ја покажат конечната победа, триумфот на нивната матанѕа?
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Изгледа ниту еден лекар не ме сфаќаше сериозно, ниту согледуваше колку многу бев болна и колку ми е потребна некаква голема промена во животот.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Необична симетрија! За да се стане човек на политиката, односно да се има тирански предиспозиции, бездруго е потребен некаква ментална попреченост, а и за да се престане тоа да се биде потреба е друга попреченост: зарем не се работи, во суштина, за делириум на величина?
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Смислата на неговите дела не е различна -таа е поттик за откривање на стварноста и на нас самите. Life is art, art is life - partitura 2 Ако за Кејџовото одредување на уметноста е потребна некаква ознака, тогаш тоа би бил извесен радикален натурализам, што без понатамошно разјаснување не кажува баш многу.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)