потпорен (прид.) - столб (имн.)

И потоа, од самиот наслов, т.е. сосе него во улога на фасада (или најдебелата шуплива кукла, тој наслов, или дури потпорен столб!? во еден “центристички” контекст кому ќе му се спротивставиме, меѓу другото и асимилирајќи го?), почнува да се одвива тој повеќекрак текст со неколку цели: прво, просто да се изгради, што повешто и полуцидно; второ, да ги замелушаме (на нивно задоволство?) прасињата; трето, да се понуди еден тнр.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Меѓу другото и затоа што цивилизациски и културно (и психолошки!) демократски ориентирани кадри ние речиси и немаме; идеолошки неконтаминираните стручњаци што можеа да станат потпорни столбови на еден нов демократски (децентралистички!) државен концепт во голема мера избегаа (и сѐ уште бегаат!) вон земјава, оставајќи им на старите моќни патријархалци да го поделат тој беден колач (и онака речиси изгрицкан, она што фактички имаме се долгови!) главно меѓу оние што тие ги избрале за наследници, и тоа според добро познатите критериуми на тн. негативна селекција што подразбира послушност, пред сѐ, а потоа и непотизам, корупција итн.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Беше младо и јако стебло во својата увереност: на седум рида лежат седум чуда, седум потпорни столбови на човечката мудрост: Аристотел, Поло, Галилеј, Њутон, Дарвин, Кох, Ајнштајн.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Облакодерите околу Централ Парк се како потпорни столбови - благодарение на нив тој огромен парк наликува на висечка градина.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)