потенцијален (прид.) - ризик (имн.)

Доколку не е откриен ризик, работодавачот на своите вработени мора да им ги соопшти сите потенцијални ризици, со посебен акцент на ризиците по здравјето и безбедноста кај бремените работнички (чл. 15 од ЗИДЗРО/септ.10); г) со измените од јануари 2012 година, веќе не постоеше обврската на работодавачот при престанок на работниот однос, во рок од три дена, да му ги врати сите документи на работникот (вклучително и заверените копии), туку сега обврската се однесува само на неговите оригинали на документи (чл. 3 од ЗИДЗРО/јан.12); д) кај правната материја која ја регулира промената на работодавачот со измените и дополнувањата од септември 2010 се воведоа пет нови одредби (68-а, 68-б, 68-в, 68-г и 68-д) кои поблиску ја утврдија заштитата на правата на работниците во случај на пренесување на трговско друштво или делови на трговско друштво.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)