потврден (прид.) - одговор (имн.)

Затоа им се обратив, и добив потврден одговор.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Тој бараше од Татко веднаш категоричен потврден одговор, иако знаеше дека до тоа нема да дојде.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Беше уверен дека Татко по старо ќе го заведе во својата беглива и тешко дофатлива мисла: Душманството, мој Камилски, пред да биде балканска, беше и европска појава.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко во молчењето го криеше својот потврден одговор.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И, откако доби потврден одговор, го добив првиот (така го доживеав) комплимент.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
- Да не може да се лета со оној што моите го донесоа од Индија? - прашав со надеж дека ќе добијам потврден одговор.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
На амбициозното писмо, на кое Михаил се надеваше дека со сигурност ќе добие потврден одговор, наместо тоа доби едно цело досие со лекарски наоди од здравствената состојба на шимпанзото, што во терминологијата на Тајсон, беше knock down за сите негови надежи дека ќе може да го врати назад.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Му беше излишно да бара потврден одговор од старата која веќе беше зафатена околу шпоретот: сметаше, од друга страна, дека сега не е уште момент да седне спроти стариот за да го рапрашува како е, каде бил и зошто го држеле, ако тој воопшто смееше нешто од тоа да каже; а најпосле, веќе го чекаа новите другари на филмското ѓезме.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
6 На претпоставката на Митрев директен, потврден одговор дава самиот Живко Чинго во едно интервју: „Уште од најраното детство имав можност од устата на татко ми кој во месноста важеше за еден од најдобрите раскажувачи и пејачи, да чујам огромен број приказни, потоа секакви кажувања за „животиштето“.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Сè што се покажа дека го знае и на кое даде потврден одговор беше неговото сопствено име.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Овде? повтори нејзиниот прст, а само јас, се разбира и девојката од Ташкент, го забележавме потврдниот одговор на братучедот на татко ми.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)