постојан (прид.) - притисок (имн.)

Решија да живеат опуштено, без постојаниот притисок по секоја цена да имаат дете.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Според Врховниот Суд на САД (Лојд корп против Танер, 1972), правото на слободен говор се протега само на активности на јавна а не приватна сопственост.88 Затоа, постојаниот притисок да се ограничи/намали јавниот простор воден од барањата за безбедност и комерцијалните интереси има крајно сериозни политички импликации, бидејќи директно ги поткопува можностите за слобода на говорот.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Како арена на политичка дебата и учество, јавната сфера е фундаментална за демократското владеење.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Пред да влезам во амбасадата, погледнав за последен пат кон транспортерот, ослободен од неговиот постојан притисок.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)