постојан (прид.) - врска (имн.)

Светот ќе му стане татковина, останувајќи во постојани врски со угледни државници од сите поголеми земји во светот, во потрага по својата, макар минијатурна држава Палестина!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Арафат ќе го очекува во секој миг вердиктот на историјата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се покажа дека Ролан Јаковлевич навистина имал повеќе повремени но и постојани врски а си имал и своја вистинска љубов, и тоа таму, во истиот оној куплерај во кој татко ти седеше пред скалите и се правеше дека ништо не видел и ништо не чул.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Значи, тој е во постојана врска со неа, освен ако за тоа не му кажала тетка Рајна.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Сметам оти она, кога татко ти место да ја сослуша Родна замина да ги лади лубениците, требаше да биде за мене првиот сигнал дека овде работите не се докрај чисти.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)