постојан (прид.) - борба (имн.)

Додека беше Татко силен и здрав, таа беше поотпорна, посилна, во притаената среќа, и поспособна да ги поднесе последиците од Татковите илузии и вознеси отколку сега, кога го гледаше занемен, отсутен, во постојана борба, во длабочините на неговата внатрешна тишина во која сѐ потешко имаше пристап...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Според него „ако нема јак синдикат работникот не може да ги оствари своите права.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Државата и синдикатот се во постојана борба и не треба да соработуваат, затоа што синдикатот секогаш треба да биде на страната на работникот“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
142. Постојаната борба рамо за рамо со Бугарите ги направи нив еден народ со бугарско име, но со словенски јазик.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Овие дејци, како и народните училишта во Македонија, биле во постојана борба со грчката буржоазија и свештенство.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Нивните напори вродиле со плод и во втората половина на XIX век значително нараснал бројот на училиштата.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Поправо тоа не беше една приказна, тоа беа десетина меѓусебно поврзани, во кои се славеа подвизите на тој планински делија, кој животот си го изживеал во постојана борба со волците.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Поради неа уметностите се вплеткувале во повеќестрана и постојана борба.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Хуан Арчибалдо Ланус, аргентински дипломат и публицист Масакрот на козите, политичка одлука и алегорија, ја резимира постојаната борба што човекот залудно ја води, со векови, за да се спречат уништувачките сили на синдромот на ликвидациите, на кои ниеден народ на Балканот, како што забележува авторот, не успеал да им избега.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
И не само тоа, нивната љубов беше и заедничко гледање во иста насока, во насоката на постојаната борба за спасувањето на семејството во честите балкански разминувања со смртта.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)