постигнат (прид.) - успех (имн.)

На ист начин првостепениот суд ќе постапи и кога против делумната пресуда е изјавен вонреден правен лек (чл. 315, ст. 1-2 и ст. 5-6 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
ЦОНКА: Па, сега кумот ќе го дарува кумашинчето. (На Теодос мазно.) Треба алтанче на крштеничето, адет е, проводија за крштеничето.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Имав успеано во својата претстава да задржам еден безбојно чист простор кога, како што тоа обично бидува, постигнатиот успех ми го наруши помислата на необичниот мир на улицата.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
АРСО: (Криејќи ја пред Теодос својата голема радост од постигнатиот успех, здржано.) Нека е живо кумашинчето, да порасте големо момче, па ти, Поцко, да го жениш, а кум Теодос да го венча! (Му намигнува на Поцко.) ЦОНКА: Амин, амин, чул те господ!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
А слична, но пократка одредба, постоеше и во чл. 314 од ЗПП/98 којшто сè уште беше во сила во времето кога се одвиваше овој процес). A aко странката делумно успее во парницата, судот може – со оглед на постигнатиот успех – да определи секоја странка да ги поднесува своите трошоци или, пак, едната странка да и надомести на другата странка сразмерен дел од направените трошоци (чл. 148, ст.2 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
ПОЦКО: Да ти се позлати устата! (Ликува од радост.) Еј, бре, бреј!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)