постигнат (прид.) - резултат (имн.)

Кај нас, во театарскиот свет (за филмскиот не можам да зборувам оти имам кино миопија) треба да се трудиме да си ја задржиме сегашнава ситуација: за постигнати резултати во сценската уметност да не се доделуваат ниту Оскари ниту Златни малини оти ние најубаво зборуваме за себе кога си молчиме, то ест кога наместо душевна, пројавуваме логичка жалост.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Донесениот заклучок, на иницијатива на американскиот министер за надворешни работи, Стетиниус, разговорите за тоа да продолжат во Москва, на состанок на министрите за надворешни работи, го оставил сосема отворено тоа прашање.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
По Конференцијата на Јалта британската дипломатија не била задоволна од постигнатите резултати коишто се однесувале на југословенско-бугарската федерација.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)