постар (прид.) - отколку (сврз.)

Уште ако ја дадеме неговата јако развиена телесна градба ќе ни биде јасно зошто толку голема беше неговата фигура во очите на тие што имаа работа со него.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Мајката Роса кога ѝ го отепале мажот не била постара отколку што сум сега јас, сѐ уште, и со пет моми, односно шест деца (едно си земал Господ), можела да најде маж за себе, ама сигурно не ќе нашла татко за момите.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Беше постар отколку што мислеше Винстон; имаше можеби четириесет и осум или педесет години.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но неговата долга брада и големи мустаќи обесени надолу го правеа многу постар отколку што беше.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)