постар (прид.) - човек (имн.)

Додека чекорев по мостот, соправ пред еден постар човек.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Забележа една девојка со букет цвеќе и еден постар човек крај неа.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
А и како кум ќе го земеше под рака. Друго е, постар човек, — позрел е, поиспитан. Анѓеле!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
На импровизираната бина, каде што е ди-џејот, се искачува еден постар човек и со раката му дава некаков знак.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Се пие шампањ и се дува тревка. Звучниците трештат.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Сонцето нагло паднало зад планински врв.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Двајца од оние што ѝ биле на главнината зад грб бегале обезглавени а оружјето им останало таму кај што биле вкопани, трет, постар човек со тажни мустаќи, се влечел мечешки по нив и ги молел да го земат со себе или да го убијат, да не го остават беспомошен пред бесот на каурите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И еден постар човек во скршени години со побелена коса која му оди околу темето со ситни мониста кои ако ја заврти лево десно ќе се растурат во калта.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Преминот меѓу двата колосека натрупан од луѓе, од деца најмногу, од кокошки врзани со сиџими за да не се губат, обично во раката на некој постар човек, а прогагаа и неколку гуски под самите вагони.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
- Барате некого? - Бараме, ама повеќе би сакале да најдеме некој постар човек.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Со својата остра сабја ги расечувал огромните карпи с¯ додека од една не бликнала вода.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Ако успееш да доведеш вода сред пустелијата на клисурата, тогаш секогаш ќе бидеш поблиску со луѓето и вечно ќе живееш меѓу нив.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Еднаш кај него дошол постар човек и му рекол: „Господару, знам дека твојот живот знае само за победи и гозби.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Одеднаш, еве еден постар човек. - Што е ова? – ги прашува тој децата. - Кое? – се чуди Лидија.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Преведувачот на италијански, еден низок постар човек, живо гестикулираше претворајќи ги исказите на Бабиќ во цели приказни чијашто содржина Маргина 35 19 накратко би можела да се опише како Југославија за почетници.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Набргу ни се придружи еден постар човек, а се гледа дека бил убав и висок, и ни рече: А бре, деца чии сте вие?
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Ваму во куќата немаш постар човек.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)