постар (прид.) - колега (имн.)

Откако господинот Гологанов кој, како и најчесто, беше дојден сам, седна во фотелјата наспроти својот постар колега, кучето клекна на задните нозе пред него упорно и трајно гледајќи го право в очи.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
За чудо, во комисиите што даваа мислење, секогаш имаше по некој негов постар колега, кој бездруго знаеше за неговите квалитети.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Во изборот, молчаливо, студентот пројави критичен однос спрема вкусот на својот постар колега, зашто посочи сосем други работи од тие пред кои овој особено се задржуваше.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Гого беше како удрен со мокар чорап по глава од ошумоглавувачкото сознание за дволичноста на своите постари колеги, кои в лице му го фалеа талентот, а во тилот му го кудеа темпераментот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Но Гого, и да сакаше, немаше да бара протекција за синот, кај истите оние свои постари колеги што не го примија на времето во своите редови; а пак, во меѓувреме, и неговото презиме ништо повеќе не им значело и денес, за да му попуштат на детето во приемниот испит.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)