постар (прид.) - другар (имн.)

Мојата прва тешка физичка работа ми ги загреваше дланките но копав и го следев движењето на мојот постар другар.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Си ги спомнија вчерашните ѕверства со дедовците им и нададоа да пискаат. Не можеше да ги смири постариот другар со никакви закани и заплашувања.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Тоа е вистински реферат, рече, - еден ваков реферат би бил чест за многумина наши постари другари.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Кадијата пак ги повика да дојдат, но децата само плачеа и гледаа во својот постар другар.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)