постар (прид.) - девојка (имн.)

Најгласна, освен бебето(?), можеби затоа што седеа пред мене, беше една постара девојка.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Но, за чудо, тој се смени и со покровителска насмевка ми објасни дека Терминалот С with bus е за патниците Intermational nicht non Schengen, односно за оние што имаат намера да летаат кон Варшава, Букурешт, Одеса, Ријад и Дамаск.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
И навистина, и Доста, иако мајка со дете на гради, скромно облечена, па и не толку млада, не се разликуваше од најубавите и најмладите невеста, па дури и постари девојки.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)