посилен (прид.) - во (предл.)

Се чинеше како да нема никаква тежина, со која беше стапнат во таа долина: се чинеше како да ќе одлета само ако дунете малку посилно во него, како она топче од презреаното семе на глуварчето, што се раштркува на сите страни и при најмалечкиот здив на ветерот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Дека посилен во него беше тој другиот, кого неизмерно го мразеше...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
-Проблемот е во тоа - продолжи таа малку подоцна - проблемот е во тоа дека на нашиов нов пријател јас не му се допаѓам! - рече таа туркајќи се посилно во прегратката на Зрновски. – Повели, прашај го!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И тоа беше нивната љубов, што ги чинеше посилни во одржувањето на семејството при налетите на судбината.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
И тоа беше нивната љубов што ги чинеше многу посилни во одржувањето на семејството.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Кога ја виде како се црнее по трапот, голема колку магаре, срцето му заудира силно, студен трпнеж му помина по снагата, здивот му подзапре, го стисна кундакот колку што можеше посилно во рамото и спука.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)