посебен (прид.) - причина (имн.)

Но вчера, во секој случај, за време на Двете минути омраза, седна веднаш зад него, иако немаше некоја посебна причина за тоа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Разговараа неврзано уште неколку минути, а тогаш, без некоја посебна причина, гласот од екранот им нареди да замолчат.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И се лутиме на светот без некоја посебна причина!
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Зошто Балканот го нарекувале буре барут? Зар постоеле посебни причини за тоа?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски по Татковото искажување речиси стана убеден од општите причини да се навратат и на турцизмите во јудеошпанскиот јазик, но очекуваше да ги слушне и посебните причини, коишто можеше да ги претпостави и самиот: - Сефардите, со космополитски дух и носители на бројни професии, полиглоти, со моќ брзо да ги совладуваат јазиците на луѓето со коишто живееле, успеале да се приспособат и во османската средина.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Вистина е, но за тоа има посебни причини.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Низ Балканот поминале и се судриле, запреле и со векови опстанале неколку империи.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Барутот, како што веќе нагласив продолжи Татко не бил балканска измислица, туку најчесто е увезуван, но детонаторите за неговото активирање најчесто биле и зад балканските граници, во центрите на странската моќ.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но и покрај големата почит кон оваа земја има и една негова посебна причина што тој е вечерва меѓу нас.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
На почетокот на тие неугледни скали кои портокаловото осветлување нежно ги простираше угоре, кон ликот на Мари-Клод во својот стан, опкружена со својот мебел, гола и заспана, ја бакнав во косата, ѝ ги погалив рацете; таа не ја побара мојата уста, постепено се одвојуваше и од грб видов како се качува низ уште едни од безбројните скалила што најпосле сите ги одведуваат а јас не можам да ги следам; дома се вратив пеш, без пајаците, празен и испран за ново исчекување; сега тие не ми можат ништо, играта уште еднаш ќе почне како толку пати порано но само за Мари-Клод, во понеделник - симнување кај станицата Курон наутро, излегување на Макс-Дормоа среде ноќта, во вторник влегување на Криме, во среда на Филип Огист, прецизно правило на играта: петнаесет станици од кои четири се спојуваат со други врски, а тогаш, на првата од тие четири, знаејќи дека ми претстои линијата Севр-Монтреј како што на другата ќе морам да ја земам врската Клиши-Порт Дофин, секој итинерер е одбран без посебна причина бидејќи никакви причини и немаше, Мари-Клод можеби ќе се качи блиску до својата куќа, кај Данфер-Рошро или на Корвизар, можеби токму ќе преседи на Пастер за да продолжи кон Фалгиер - мондријановско дрво со исушени гранки, случајноста на црвеното, плавото, белото, точкастото искушение; четврток, петок, сабота.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ние толку ретко одевме кај тетка Рајна, што си мислев, дека, за да се оди кај неа треба да се има посебна причина.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
АНА: Имам посебна причина?
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Дијагонален зрак, имав обичај без некоја посебна причина да помислам, дијагонален зрак, а потоа: Агна, спиеш ли?, ќе ѝ речев, за таа да се разбуди и така мека и топла да ми седне в скут, да ме прегрне со десната рака околу вратот, и да се загледа во сонцето.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Луција знаеше без потреба да се фати за косата и со раката да помине низ неа, токму пред мојот нос; знаеше да повлече со палецот замислена линија по својот грб, токму на ‘рбетот, иако за тоа немаше никаква посебна причина; знаеше, исто така, да се налакти во полупрофил, и со моливот да го потпре носето, небаре заинтересирано го слуша предавањето.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Всушност и не и бев рекол нешто посебно, туку само ја бев прашал: - Покрај добриот видик од тумбата дали постои и некоја друга посебна причина што може да го оправда твојот избор?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Ако сакаш мојата желба да ја поврзиш со нешто многу конкретно или повидливо - појасни таа - тогаш еве, јас ти понудам и други нешта за кои би можела да ти зборувам со денови.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Додека Тој си одеше од проклетото место во кое заглавуваше секоја вечер без некоја посебна причина, ја сретна Неа, понесена од рекламите во кои цела вечер зјапала исто така без некоја посебна причина.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Нема сомнение дека секој од нас мисли на украсувањето на сопствениот дом, но имаме ли секогаш посебна причина зошто некој предмет е ставен токму на одредено место?
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Тоа едноставно ја покажува огромната разлика помеѓу дом и куќа, помеѓу мизерниот физички објект и принципот, создаден не од тули и дрво, туку од мноштво различни емоции насобрани со текот на времето, без некоја посебна причина, без поврзаност со наградувањата и казните.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)