посебен (прид.) - потреба (имн.)

Но сепак ми се чинеше дека доволно разбрав од тоа што требаше да се разбере без да имам посебна потреба да ја прочитам книгата.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Ме иритира чинот што не се прифатени како нормални индивидуи, со посебни потреби.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Ќе го соопштеше тоа без некоја посебна потреба, среде најголемиот молк.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Децата треба да ни веруваат ќе речеше и ќе се закашлаше.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Во улицата Ренгенска број 92 – а Има приватна болница За приватни болести на приватно болни Со приватни соништа и приватни деривати На храната консумирана приватно Со приватен апетит И приватни посебни потреби И потреби за мокрење и голема нужда На оние кои приватно си го гризат сонот Заробени во приватната мрежа на сонувалката Во која ферментираат идеите До згуснување До тези За поцинкувањето на ластарот За течењето на каменот За месечевата клетва во водата За гранката што грачи За се што нешто значи Меѓу зреењето на лебот И Потребата Од длабоко Дишење.
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)