посебен (прид.) - овластување (имн.)

Доколку дрогата би била достапна само на регистрираните уживатели, нерегистрираните и понатаму би се снабдувале на црниот пазар.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Британското искуство ги покажува недостатоците на овој систем. Само мал број лекари со посебни овластувања имаат право да препишуваат кокаин, дипипанон (еден многу јак наркотик) и хероин.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
И тоа, замисли си, дотеран во генералска униформа, и, како што се изрази самиот, со посебни овластувања.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Уште на првите средби со Ема, откако началникот Круме Волнаровски предложи таа да биде префрлена кај мене, во Одделението за анализа, а со посебни овластувања за врска со женскиот оддел на Прифатниот центар за странци, во деновите на моето разбудено љубопитство кон жената чија појава измести многу нешта во нас и околу нас, ја почувствував моќта на нејзиниот поглед со продолжени пипки за допир што имитираше боја и вкус.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ете ја причината зошто Мирко Бунде, инспираторот на моите горчливи случувања, но и бескрупулозниот манипулант со туѓите судбини, го зазеде неоспорното прво место на листата на мојата одмазда.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А притоа знаев дека неговото службено место е поткрепено и со посебни овластувања.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Доколку се работи за работно место со посебни овластувања, работодавачот тоа треба да го наведе во јавниот оглас (чл. 3 од ЗИДЗРО/ фев.13).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)