посебен (прид.) - збор (имн.)

Сети се кои беа.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Затоа и се служи со некои посебни зборови Нејзината проѕирност ја чини сосема отсутна Но јас сум свесен за илузијата коси Или лажовното чувство На допири на прсти; Шепот на усни што знаат да ти ги наполнат ушите Со зборови ископани од морски школки Или залутани вокали од древните записи на веќе Непостоечкиот вилински свет.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Веројатно уште при подготовките за средбата си располагал со нив.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
За таквите настапи обично избираме посебни зборови.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Во првите повоени години бројот на турските зборови во македонскиот јазик, особено во дневниот печат, ќе биде видливо присутен како стремеж да се најде посебен збор во однос на другите југословенски јазици.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Кога еден писател ќе почне да зборува толку многу за животните, тоа е затоа што во нијансата на секој посебен збор нешто крие.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Камилски беше посебно импресиониран од овие два посебни збора, всушност, синоними, коишто со издиференцирано значење се употребуваат до денешни дни.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој го издвои зборот ќерпич за посебно разгледување со Татко, сметајќи го за мошне индикативен за посебно разбирање дури и на османската цивилизација.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)