посебен (прид.) - закон (имн.)

Таму владееа посебни закони.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Некој посебен закон против одењето дома по невообичаен пат не постоеше: но тоа беше доволно да се привлече вниманието на Полицијата на мислите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Поднесоците поднесени од адвокати задолжително треба да содржат: адвокатски печат односно електронски потпис од адвокатот, податоци за електронско сандаче регистрирано согласно со закон – за достава на писмената и адвокатска маркичка предвидена со посебен закон, во спротивно поднесокот се смета за неуреден и судот ќе го отфрли (чл. 98, ст.2, 4 и 8 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Кај нас постои и посебен закон за оваа област: Закон за исплата на платите во Република Македонија (1994).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
А адвокатот може да го заменува адвокатски стручен соработник со положен правосуден испит, кој има засновано работен однос кај него – и тоа само пред суд од прв степен, за спорови чија вредност не надминува 1.000.000 денари, со согласност на странката (чл. 86, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Плаќањето на работата, по договорот за вработување, мора да биде секогаш во парична форма (чл. 105, ст.1-2 од ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Со посебен закон Македонците не можеле да добијат земја надвор од местото на живеење.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Со колонизацијата српските власти сметале да ја разбијат компактноста на македонското население и да послужат за што побрза денационализација и асимилација на македонскиот народ.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Во периодот од 2010 до 2014 најпрво дојде до дефинирање на статусот на вработените во јавните претпријатија врз основа на работата 101 Согласно чл. 36 ст. 1 од Законот за судовите: „Странката која смета дека надлежниот суд го повредил правото на судење во разумен рок, има право да поднесе барање за заштита на правото на судење во разумен рок до непосредно повисокиот суд“, додека пак според чл. 6 ст. 1 од Европската конвенција за човекови права: „Секој, при определување на неговите граѓанските права и обврски или кога е кривично гонет, има право на правично и јавно судење во разумен рок, пред независен и непристрасен трибунал основан со закон“. 102 Закон за јавните претпријатија, Сл.весник на РМ, 38/96. 103 Закони за изменување и дополнување на Законот за јавните претпријатија, Сл.весник на РМ – 97/10, 06/12, 119/13, 41/14 и 138/14. 107 која тие ја вршат, па така за јавен службеник се смета вработен во јавното претпријатие кој врши работи од јавен интерес согласно со закон и за нив се применуваат одредбите од овој закон, посебниот закон од соодветната област и Законот за јавните службеници,104 додека пак вработените кои вршат помошни и технички работи немаат статус на јавни службеници и во однос на нивните права, обврски и одговорности од работен однос се применуваат одредбите од Законот за работни односи (чл. 1 и 2 од ЗИДЗЈП/12).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
21 Уставниот суд на РМ во својата Одлука У. Бр. 124/2008 нотира дека нееднаков однос по основ на пол постои „секогаш кога условите за остварување на пензија утврдени со посебен закон се различни за мажите и жените“.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Носењето на овој закон значеше поблиско регулирање на материја која претходно не беше опфатена со посебен закон, туку одредбите против психичкото и половото вознемирување на работното место, освен во Уставот, беа фрагментирани низ повеќе закони.76
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Но се разбира оваа пропорција претпоставува силна институција, со цврсти внатрешни канони на почит на автономните дејства на дипломатската мисија, каде што политичките упливи на извршната власт се строго нормирани.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Оваа релација кај земјите со долга и силна државна традиција, дури и не се нормира со посебен закон за надворешни работи.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
21.  Кај нас постои и посебен закон за оваа област: Закон за исплата на платите во Република Македонија (Сл. весник на РМ – 70/94, 62/95, 33/97, 50/01, 26/02, 46/02, 37/05, 121/07, 161/08 и 92/09).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
8. Контрола и надзор во областа на работните односи Како што може да се види од анализата на посебниот Закон за инспекција на трудот (1997), 39 која е дадена понатаму во оваа студија, овластувањата на Инспекторатот за труд и правата на работниците предвидени со тој закон не претрпеа намалувања, од почетокот на транзицијата до денес. 39.  Закон за инспекција на трудот; Сл. весник на РМ, 35/97. 57
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Регулирано е и вонсудското т.н. мирно решавање на работните спорови и донесен е посебен закон за стечајците, но дури по долготрајниот притисок од стечајците и со доста ограничен опсег.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
•  2008: донесување на посебен закон за стечајците, но со доста ограничен опсег (Закон за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата во периодот од 2000 до 2004 година);
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
170 ЗАКОН ЗА МАТЕРИЈАЛНО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА НЕВРАБОТЕНИТЕ ЛИЦА ПОРАДИ ПРИВАТИЗАЦИЈАТА НА ПРЕТПРИЈАТИЈАТА СО ДОМИНАНТНА СОПСТВЕНОСТ НА ДРЖАВАТА ВО ПЕРИОДОТ ОД 2000 ДО 2004 ГОДИНА Овој мошне краток и ad hoc донесен закон, чие целосно име е невообичаено долго и гласи: Закон за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата во периодот од 2000 до 2004 година, а популарно наречен „Закон за стечајците“ (2008), 1 беше наменски донесен, по речиси едногодишно протестирање на дел од овие луѓе кои, всушност, беа и вистинските жртви на неуспешната транзиција.  2 Се работи за посебен закон (lex specialis) со којшто се доградува регулативата од општиот закон за оваа материја – а тоа е Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност (1997). 
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Но, се воведоа и три нови права: •  правото на работникот или работничкиот претставник на синдикално образование (чл. 154, ЗРО/05); •  правото на платено отсуство од работа заради образование од сопствен интерес, и тоа само за деновите кога работникот првпат го полага испитот (чл. 155, ЗРО/05); и •  правото на платено отсуство од работа заради вршење на функции или обврски кои произлегуваат од посебни закони (пр. непрофесионални избрани функции, судии-поротници, воени обврзници и/ли резервисти, како и при вршење одбранбени должности, должности на заштита и спасување и сл.) – чл. 150, ЗРО/05; д) во сферата на мирување на правата и обврските од договорот за вработување, покрај дотогаш постоечките случаи (при неплатено отсуство, при избор или именување на државна или јавна функција и при упатување на работа во странство), се прецизира и мирувањето во случаите на: (1) притвор; (2) изречена казна или воспитна односно заштитна мерка, за период пократок од шест месеци; (3) отслужување воен рок; (4) вршење цивилна служба со надомест и (5) во други случаи определени со закон.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Но, сепак, штрајкот во вооружените сили, полицијата, органите на државната управа и јавните служби т. е. јавните претпријатија и јавните установи – повторно остана да се уредува со друг посебен закон (чл. 245, ЗРО/05)!? 37.  Според чл. 38 од УРМ (1991): „Се гарантира правото на штрајк. Со закон може да се ограничат условите за остварување на правото на штрајк во вооружените сили, полицијата и органите на управата“ (курзив Д.А.).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Македонија не донесе посебен закон за работничка партиципација, како Словенија во 1993 година, ниту пак поподробно ја регулира оваа материја со Законот за работни односи, слично на Хрватска во 1996 година.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
4. Заштита при работа Наспроти ЗРО (1993), ЗРО (2005) не содржи некои важни одредби што се однесуваат на заштитата при работа, а главната причина за тоа е што материјата што се регулира со нив беше пропишана со посебен закон – Законот за заштита при работа (1998). 20 Една од тие одредби што повеќе ја нема во ЗРО (2005), постоеше во неизменет облик во ЗЗР/98 (чл. 45).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
11.  Впрочем, кај нас има и посебен Закон за волонтерството (Сл. весник на РМ – 85/07, 161/08) којшто, во пракса, не се почитува дури ни од страна на државните органи!? 18 време не подолго од три години, со тоа што содржеше и одредба која имаше намера да ја намали опасноста од злоупотреба на засновањето ваков работен однос: „Работен однос заснован на определено време станува работен однос на неопределено време ако работникот продолжи да работи, најмалку пет работни дена, и по истекот на периодот од три години“ (чл. 2 од ЗИДЗРО/03).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
14.  Кај нас постои и посебен Закон за заштита на лични податоци (2005); Сл. весник на РМ – 7/05 и 103/08.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Таков посебен закон беше сојузниот Закон за штрајк (1991), 35 усвоен од страна на Собранието на СФРЈ, а кој беше мошне краток – содржеше вкупно 21 член, и ниту еднаш не беше менуван или дополнуван.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)