посебен (прид.) - желба (имн.)

А колку што можев и лично да се уверам, мајка му не изразила посебна желба.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дури и гробот самите со време го подготвиле и тоа под нејзин надзор.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се било изнапишано и заведено црно на бело и тоа неколку месеци пред да почнат посетите на куќата под Сина Скала од бабицата Горица, и пред да се слушне мојот прв плач, таму, горе, под небото, при крајот на август 44-та.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
При примањето на кучето во Пансионот, во рецепцијата се исполнуваше картонче во кое се внесуваше: името на кучето, расата, староста, името на сопственикот и адресата на живеење, денот на доаѓањето и денот на заминувањето од Пансионот, видот на храната и посебните желби на сопственикот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Бабицата проверуваше, гледаше како плодот напредува, но постојано ја мачеше помислата: што стана со оној нејзин поранешен плод; останат ли е во неа, се стопи, или можеби се работеше за лажна бременост, каква што често се случува кај жените, особено кај оние што имаат преголема желба да имаат пород, да родат, и кои обземени од тоа и од психичката напнатост - понекогаш им се присторува како да зачнале: им се јавуваат слични знаци како кај затруднета жена: болки во стомакот, во половината, гадење, повраќање, посебна желба за јадење, несоница, чувство дека мевот им расте...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
- Чеда, ако имате некоја посебна желба, кажете ја слободно. Задоволство ќе ми биде да ви ја исполнам. - Имам, тето! И тоа голема!
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сите поединости биле грижливо пресметани и уточнети од овие љубопитни поединци па никој и не пројавил посебна желба повторно да пресметува.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)