посебен (прид.) - белег (имн.)

За Татко, на пример, јаничарството како институција, им припаѓало речиси на сите империи во минатото, но во Османската Империја добива посебен белег, зборот имал стара и нова конотација.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Мајка ми прошепоте: – Имаат, имаат вера козите, понекогаш повеќе од луѓето. – Возраст на козите? – продолжи службеникот. – Непозната! – Боја на кожата, посебни белези?
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Местото каде што застанал да го слика селово морало да биде од чун оттурнат во езерото, токму на она место од каде што очите можат да го заграбат сето село, но не и премногу далеку за да се изгубат посебните карактеристики на куќите, посебните белези и бои со различни тонови и нијанси: жолта, сина, зелена, кафеава, црвена, лилава, розова, чивитлија, сива, црна, алова, портокалова.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ваквиот развој на Штудгард оставил посебни белези.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Црквата му дава посебен белег на центарот на Берлин и таа е појдовна точка за север или за југ на улицата, таа е патоказ или информатор дека во овој град победила најновата, најмаркантната, најекстравагантната линија на новата архитектура.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)