посветен (прид.) - во (предл.)

Секоја година на денот на неговата погибија во селото Мелас се одржуваат свечености посветени во негова слава.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Оттогаш, откога отиде Благуна да се состане со Десимира, во Потковицата ништо повеќе не се слушна за неа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Мајка ѝ на Благуна, и сама посветена во Организацијата, претрнета од страв и очајна, а немајќи на кого да му се обрати за помош, ја посоветува Благуна да отиде кај Десимира и да го замоли да дојде дома кај нив и пред стрико ѝ Крстета да се заколни дека меѓу него и Благуна ништо не било и дека таа Благуна не ги предала луѓето од Началството.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)