поранешен (прид.) - ученик (имн.)

Ја губи врската со пријателите од Кембриџ, а Расел во фуснотата на „Воведот во математичката философија”, која е објавена 1919 година, признавајќи дека на важноста на поимот на тавтологијата за дефинирањето на математиката му укажал „мојот поранешен ученик Лудвиг Витгенштајн”, додавајќи дека не знае дали Витгенштајн го решил проблемот на дефинирање на „тавтологија”, „или дали е воопшто жив”.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Кога избива војната во 1914 година, се пријавува како доброволец во австриската војска, каде што служи артилерија, прво на Источниот фронт, а потоа во Тирол, каде го заробуваат Италијанците во ноември 1918 година.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Стариот учител се навали на наслонот од столицата и задоволно си ја погали бујната, пробелена брада. Тој копнееше по такви одговори.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Корец се сеќава како реб Апфелблум го пронижуваше со својот длабок и силовит поглед и откако доби нема и цврста потврда од својот поранешен ученик, му објасни дека презема тежок товар на плеќите, не само поради тоа што солунската еврејска заедница е една од најбројните, туку и дека не е сеедно еден ашкенаски Евреин да биде поглавар на најбројната сефардска заедница на светот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
А сега, ете ги на дело, толку убаво искажани, неговите идеи...  Реб Апфелблум топло го погледна својот поранешен ученик.  „Биди внимателен, намерата ти е возвишена, нема Јехудим на светот што со неа нема да се согласи.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
И му го даде својот благослов.  „Колку беше во право старецот”, си мисли сега Корец, насмевнувајќи се на тие најубави мигови од неговиот живот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)