попов (прид.) - шапка (имн.)

Му ја остави пушката и седлото од коњот на попот, а со нив заедно Брниклијата, Најда и сина си Велјана за „момци" на манастирот до Ѓурѓовден.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Средствата за информирање ударно соопштуваа за снежни навеви, отежнати премини - Ѓавато, Пресека, Стража, Крушево, Маврово, Попова Шапка... а воедно дека зимско-рекреативните центри со снежна покривка ќе ги пречекаат гостите... снег падна и во охридско=струшкиот регион но не се задржа. ***
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Стигна некако до чебренскиот манастир, ги соблече Ѓорчевите кумитски алишта што ги зеде од Чачовци кога Ѓорче замина за Битола, ја наметна поповата антерија и долама, ја кладе поповата шапка, а бидејќи пооди некој месец и друг небричен и нестрижен се направи токму „папаз ефенди“.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)