помлад (прид.) - и (сврз.)

Јас тогаш бев помлад и ако имаше некаде да се гонат одметниците, јас одев.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Нивната бела, мека игра во прозорецот се менуваше со една чудна волшебност пред Змејковиот поглед; таа беше исто онака скокотлива и прекрасна, како кога беше помлад и кога неговиот малечок син Јовко, уште додека не беше заоден, ќе го допреше со своите малечки прстиња по лицето и ќе земеше да ги префаќа неговите усни, носот, а тој од тоа не се смееше на глас, она беше многу посилно од смеата, му се разлеваше по целото тело, по сета негова кожа и по секое делче од неговата внатрешност, како некоја чудна миризлива растрепереност, престорувајќи го целиот во една единствена черешнова гранка, преполна со бели меки цутови.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се ѕиркаа низ цеповите од штиците едни со други, машки со женски, се ѕиркаа и помлади и постари и тоа им беше најголемо задоволство и омилено место.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)