помлад (прид.) - година (имн.)

На помлади години дури и не сакаше да размислува.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
За миг ни се стори дека во еден од нив, кој држеше в раце долга поморска дуљбија, го распознавме дедо Симон, во неговите помлади години; светлината беше недостапна за тоа да можеше да се утврди.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Во моите помлади години, свртен со многу поназначена љубов кон медицината и математиката, јас со посебен интерес го изучував проблемот на психеделичката уметност.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
И да биле некаде во помлади години, не отишле подалеку од Струмица, од Мелник, од Штип, па кога зборуваа за светот, нивните претстави не одеа подалеку од тие места.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
А притоа изгледа заборавила дека синовите се создаваат во помлади години, а јас баеги одамна го загубив тој рок.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сѐ уште се сеќавам дека му реков на Ѓурчина:"Нема да бев среќен ако морав да го сметам за брат некое копиле на таа Огнена Гулева", и тој наеднаш почна вистински да се смее.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сега ми се раѓаат само ќерки", ми одговори Ѓурчин а потоа и двајцата се смеевме на оваа невистина која и не сфатив зошто му се лизна од јазикот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Беше навистина необичен и пред се весел тој наш разговор, и мислам дека од него не се изроди никакво недоразбирање.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Порано, во помлади години честопати одев горе и од таму, од Цуце, со дуљбија ја гледав нашата куќа.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)