помал (прид.) - внук (имн.)

Тие се заминати далеку од својата реална основа (помалото внуче со ножици за сечење жива ограда, ги крати прстите од десната рака на дедото).
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Постариот внук му се обраќа со плачни очи: - Изворите на нашите фантастични претстави за младоста избиваат токму во оној стадиум на животот кога годините ги разурнуваат развиените форми на апстракција и посредно расудување, Дедо, (во меѓувреме дедото мора да седне, зошто помалото внуче му ја отсечува едната нога до коленото), наивно е да веруваш дека твоите спомени ја чуваат младоста неизменета.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)