полуотворен (прид.) - прозорец (имн.)

Завесите пред полуотворениот прозорец затреперија, му се причини една бледа сенка минува меѓу нив и се спушта во градината.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Тогаш мајка ѝ го затвори полуотворениот прозорец.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Деница зеде уште една јаготка од кошничката поставена на масата, ја макна во купчето шеќер турен во порцеланска тацна и долго ја шмукаше гледајќи во темнината низ полуотворениот прозорец.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Илона си го забришуваше телото со фротирката по последното туширање, додека Деница зеде јаготка од кошничката на масата, ја макна во купчето шеќер турен во порцеланска тацна и долго ја шмукаше гледајќи во темнината низ полуотворениот прозорец.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)