полски (прид.) - телефон (имн.)

Тишината и мачниот молк го прекина sвонењето на полскиот телефон.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Командантот откако ги испрати ранетите, седна на подот од бункерот и нервозно ја врти рачката на полскиот телефон.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Човекот во униформа брзо го вртеше механизмот на полскиот телефон.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Командантот ја сврте рачката на полскиот телефон и откако доби врска, слушалката му ја подаде на комесарот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
До секретарот стоеше еден униформиран службеник, со полски телефон на вртење.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)