полн (прид.) - политички (прид.)

Досега нашиот народ се интересуваше повеќе само за полна политичка автономија, а во националните наши интереси допушташе башибозучки да му се набркуваат разни неканети гости, како: Бугари, Грци и Срби.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
2. Поимот „еволуција” во речникот на Мисирков и на неговите истомисленици означува програма на „новото движење” што бара првин национално обединување и изградување на македонската национална свест на народот поделен од пропагандите, оневозможување на туѓинското мешање во Македонија, развивање на самостојната македонска култура, јазик и црква во рамките на Турција и под контрола на големите сили, па дури потоа полно политичко ослободување од Турција и создавање независна македонска држава што може да се вклучи и во разни видови федерации или конфедерации на Балканот или меѓу јужните Словени.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но таквата постепеност има место ако два соседни народи се во нееднакви политички услови, тоа значи, едниот, т. е. покултурниот народ господарува, а другиот, понекултурниот народ е заробен или, најмалку, нема полна политичка слобода.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Полната политичка слобода не чини за ништо, ако еден човек не сознава оти неговиот човечки долг, неговиот долг пред својата татковина и својот народ е: труд, труд и пак труд.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Главниот услов за културна работа не е полната политичка слобода, а моралната воспитаност на народот и на неговата интелигенција, сознавањето на моралниот долг пред народот кај секој член на тој народ.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)