полн (прид.) - софра (имн.)

Ми заличи на актерка што во филмот носи маска на постар лик.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Јани затвора очи и под клепките гледа полна софра и на неа најмногу грав.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
На книжевната колонија во езерското летувалиште Б., богата со симпозиумски задоволства (полна софра + лежерни разговори + прошетки низ еколошки чиста природа), повторно се гледам со една жена, да ја наречеме Надица, писателка што со децении живее во Париз.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Така е, на чесен збор: во малите градови осамените и тажните се кловнови за луѓето, за оние луѓе што строго го поделиле животот на печалба, сопружничка должност и спокојство крај полната софра. Во малите градови.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)