полн (прид.) - гради (имн.)

Некако беше примамливо, убаво да се гледа во откриените, полни гради на жената.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Воздивнувам, со полни гради посилно се замавнува.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Полежа уште малку дремејќи; тогаш од дворот допре вообичаеното пеење со полни гради:
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Лежеа секој со свои мисли и свои чувства, со полни гради под кристално чистото небо, милувани од тоа речиси несетно ветре.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Рози се фрли во рацете на Кети и си го зари лицето во нејзините полни гради.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Јас пак, како ретко кога, ги чувствував полните гради, како да сум го нашол, како што бев прочитал кај Хадријан, резето кое нашата волја ја поврзува со нашата слобода.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)