полн (прид.) - глас (имн.)

Околу нив постојано протрчуваше сниското слабо човече Крсто, еден од деградираните командири на партизанската војска, и го раскажуваше по којзнае кој пат оној случај кога тој божем имал храброст да го изведе својот вод пред бригадата и да изјави со полн глас дека одбива да замине со борците на Сремски фронт.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Мене судбината ми одреди да одам на југ, и во тој правец ќе тргнам, кон Солун - се јуначеше со тенок глас човечето Крсто.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Сега собата живееше со полниот глас на Глигор и неговата смеа се разлеваше низ целата затворска зграда.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
„Престани да ми проповедаш!“ викна оној другиот, повторно со полн глас, и тргајќи ги дланките од лицето, удри со тупаница по подот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
„Кажи ми, мртов ли сум? Ова ли е тоа, ова ли е смртта?“
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)