полициски (прид.) - сила (имн.)

Уште минатата година, по изборите, ги намалија полициските сили од три на еден автомобил.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Кога се враќаше од зградата каде што се наоѓала Воената гимназија во која учеле Ататурк и Фетхи-беј Окијар, Татко ги забележа полициските сили, распоредени околу вакафот и џамијата.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Истовремено, надворешната контрола беше зголемена, особено преку хармонизација на контролата, координација на разузнавачките активности и полициските сили.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Градот беше опколен со воени и полициски сили.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тоа се здружените полициски сили од двата града, на кои им здодеало да се тормозат со затвореници што не ги ферма ни судот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Амстердамскиот договор од 1997 година и Шенгенскиот договор од 1999 година создадоа простор креиран да промовира економска либерализација, особено поголема мобилност на капитал и работна сила во рамките на ЕУ преку елиминација на граничната контрола меѓу земјите членки.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Тука беше уште воената и полициската сила, но за тоа беше потребна итна консултација со сите републички структури.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)