полициски (прид.) - комбе (имн.)

Токму кога се врати во куќата по безуспешната потрага, пред куќата веќе стоеше полициско комбе.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Кажи ми што ти пречи во чаршијата, сепак да не ја идеализираме премногу таа каллива неосветленост по која шпартаат полициски комбиња.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Еден некогашен адвокат, кого клиентите почнале да го одбегнуваат заради неговата зависност, сега активен блогер под никот "Оmerta", донесе прекрасни извици, собрани по судските сали и ходници, на парови во бракоразводни парници и на корумпирани, ситни шалтерски работници, во моментот кога ги изнесуваат од полициското комбе и со врзани раце ги внесуваат во судот, снимани од локалните телевизии.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)