политички (прид.) - положба (имн.)

Уште малку ќе бев вратен од Ќустендил назад со целата чета.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ѓорче им раскажа каква е положбата во Бугарија: — Народот со симпатии ја следи нашата борба и готов е да ни притекне во помош, но правителството се изговара дека се најдува во тешка политичка положба и не позволува никаква акција во наша полза.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
За време на австро-османлиската војна дошло до влошување на економската и политичката положба на македонското население.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Но тие се приврзаници на крајни мерки, без да гледаат на политичката положба.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Биле воведени нови даноци и дошло до поскапување на производите.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)