политички (прид.) - поддршка (имн.)

Немав ниту потреба, ниту сила да ѝ објаснувам дека голото практицирање на фолклорните форми нужно води кон нивна политизација и идеолошка злоупотреба, кон еден ситноуметнички, малограѓански дух на паланката кој бара политичка поддршка за да остане жив, да опстане во живата конкуренција на светските уметнички форми.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Во сите средби кои ги имав со Јасер Арафат, по разговорите кои се однесуваа на меѓудржавните односи (најчесто на југословенската политичка поддршка на Палестина во светот на неврзаните, во меѓународните организации, во прв ред во ООН, каде што Југославија, сѐ уште играше значајна улога, каде што имаше вешти дипломати како и помошта која ја добиваа Палестинците), настојував да си ја дополнам претставата за оваа комплексна личност, кој во крајна линија беше еден вид Ахасфер, во вечна потрага по својата татковина!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Подоцна Махмуд Дарвиш во Охрид ќе ми открие најмногу кој беше Јасер Арафат, но сепак мистеријата продолжуваше...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Туку му зборува на настраниот сензибилитет и субјективитет – со нејзиниот фрапантен изглед, нејзиниот пркос кон нормалноста, нејзината соработка со Бјонсе, нејзиното освежување на поп-музиката – а релативно малку има врска со нејзината задоцнета бисексуална идентификација и со политичката поддршка на геј-идентитетот.137 Гага од почетокот се труди да преземе контрола врз својата геј-привлечност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)