политички (прид.) - определба (имн.)

За нас, за нашава историја на Потковицата, сите тие љубовни истории важни се не само зашто се интересни само по себе, од литерарна и психолошка страна, туку и дека фрлаат светлина врз меѓучовечките односи во Потковицата, врз политичката определба на луѓето, врз нивните социјални положби, и, пред сè, затоа што најмногу тие го осетлуваат односот на жителите на Потковицата спрема завојувачите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Потпишувањето и насилното спроведување на меѓусебните договори меѓу Бугарија и Грција, Грција и Турција за “доброволна” размена на населението ја промени етничката структура на населението во делот на Македонија под грција и дополнително ја влоши и онака тешката положба на Македонецот.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Беше отпочнат општ прогон, до физичка ликвидација, на секој национално свесен Македонец, без разлика на неговата политичка определба или верска припадност.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Според мислењето на Ханс Ајзенк (Psycology of Politics, London, 1954), еден од првите кој сериозно се занимавал со истражувањата за вредносните ориентации и политичките определби, втората димензија ја претставува проекцијата на особините на личноста на поединецот врз областа на социјалните случувања.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)